10.10.2025

Државниот секретар Сабриу учествуваше на 10-тата Конференција на министрите одговорни за млади во рамките на Советот на Европа во Малта

Државниот секретар на Министерството за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Сабриу ја претставуваше Република Северна Македонија на 10-тата Конференција на министрите одговорни за млади во рамките на Советот на Европа, во Малта. 

На овој значаен европски форум, каде што се собраа претставници од целиот континент, беше реафирмиран нашиот ангажман во создавањето на инклузивни младински политики, кои им овозможуваат на младите глас, можности и простор за да влијаат врз својата иднина.

„Oд суштинско значење е да создаваме  простори и механизми каде младите можат да учествуваат – локални младински совети, платформи за дебата, младински организации, едукација за демократски вештини. Тие треба да имаат доверба дека нивните гласови значат, дека нивните идеи се слушнати и вреднувани. Кога младите учествуваат активно, демократските институции се зајакнуваат, довербата се враќа,“ рече Сабриу.

Државниот секретар се осврна на заложбите на Владата на Северна Македонија, која препознавајќи ја важноста на учеството на младите во општеството, политиките за младите ги постави како носечки столбови на Министерство за социјална политика, демографија и млади. Тој посочи дека тоа е еден од најголемите предизвици и одговорност но истовремено, е  и голема чест да се биде дел од пишувањето на новото поглавје на државата, каде што младите се во центарот на нашите политики.

„Тие се вклучени на централно ниво,  како дел од институциите кои креираат политики, но и на локално ниво каде што се реализираат истите. Како Влада, продолжуваме да ги реализираме нашите заложби на дело, а тоа значи воспоставување на младински центри и локални младински совети во секоја заедница, од каде што ќе се слуша гласот на младите. А ние сме тука, да ги поддржиме. Младина која зборува гласно - може да направи промени во општеството. Заедно да градиме демократски општества кои траат - отпорни и изградени врз основа на  правда, слобода и инклузија,“ порача Сабриу во Малта.

Со потпишувањето на Декларацијата на 10. Конференција на Советот на Европа на министри одговорни за младите беше заокружен настанот. Таа претставува потврда за заедничките заложби за унапредување на демократијата, човековите права и владеењето на правото преку консолидирање на улогата на младите во демократскиот живот и нивните перспективи во процесите на донесување одлуки. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }