17.11.2025

Државниот секретар Сабриу учествува на Регионален форум „Иновирање на социјалните услуги: Патишта до инклузија и одржливост“ во Тирана

Државниот секретар на Министерството за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Сабриу, во Тирана, се обрати на Мрежниот форум „Иновирање на социјалните услуги: Патишта до инклузија и одржливост“, на кој присуствуваат национални и меѓународни учесници од Албанија, Северна Македонија и Австрија.

“Нашата заедничка цел е јасна – да размениме искуства, иновативни модели и практични пристапи кои ќе овозможат посовремени, поефикасни и похумани социјални услуги. Затоа што реформата на системот на социјална заштита не е само административна задача–таа е одговор на реалните потреби на луѓето, на семејствата, на децата и возрасните кои очекуваат поддршка која што ќе им го подобри квалитетот на живот”, рече државниот секретар Сабриу.

Сабриу, пред присутните учесници, ја истакнаа насоченоста на нашата земја кон интегриран пристап во обезбедувањето социјални услуги-современ модел на грижа која се темели на принципите на  инклузија, рана интервенција, мултидисциплинарна соработка и индивидуализирана поддршка.

“Овој пристап има за цел да создаде целовит и сеопфатен систем на поддршка кој ги поврзува здравствените, образовните и социјалните аспекти, особено кога станува збор за децата со попреченост и нивните семејства. Со тоа го преминуваме прагот од класичен, реактивен модел на социјална помош, кон активен модел на грижа, кој ја препознава потребата уште пред проблемот да се продлабочи”, рече Сабриу.

Осврнувајќи се и на Европската детска гаранција, како нов инструмент за заштита на децата изложени на сиромаштија и на исклученост, тој рече:“Наша визија е воведување на универзален додаток за деца затоа што сметаме дека секое дете е важно, но и на развој на здравствено-социјални услуги–таму каде што границите меѓу системите мора да се надминат за да се создаде вистинска мрежа на поддршка”.

Според Сабриу, иновативноста во социјалните услуги не е само во новите технологии или методологии – таа е во новиот начин на размислување, во отвореноста да соработуваме и во способноста да слушаме. Да ги слушаме потребите на луѓето, нивните приказни, нивните тешкотии, но и нивните потенцијали.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }