10.06.2025
Државниот секретар, Фатмир Сабриу се сретна со Сантери Леинонен, специјален претставник на ОБСЕ за младински прашања
Државниот секретар на министерството за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Сабриу оствари средба со г. Сантери Леинонен, специјален претставник на ОБСЕ за младински прашања.
На средбата соговорниците разговараа за младинските политики, при што беа конкретизирани следните чекори кои што треба да се преземат за имплементација на проекти во областа на мирот, безбедноста и младите.

Двете страни изнесоа заклучок дека младите се главен столб за градење стабилен и безбеден регион. Државниот секретар Сабриу истакна дека оттука произлегува и посветеноста на спроведување политики кои ќе ја гарантираат инклузијата на младите во креирањето на државните политики и одлучувачките процеси.

Оваа соработка со ОБСЕ претставува значаен чекор кон зајакнување на младите и создавање побезбедна иднина за сите.