Објавено на 15.05.2025

Повик за користење на бесплатна услуга за одмор и рекреација на деца од семејства со социјален ризик и деца корисници на посебен додаток за време на летниот распуст 2025 година

Министерство за социјална политика, демографија и млади ги повикува заинтересираните лица корисници на  детски додаток, додаток за образование и гарантирана минимална помош,  како и деца корисници на посебен додаток до 26 години, да се јават за користење на бесплатна услуга за одмор и рекреација за своите деца.

Oваа услуга може да ја користат деца од семејства корисници на детски додаток, додаток за образование и гарантирана минимална помош, родени во периодот од 2011 до 2014 година, редовни ученици во основно училиште, како и деца корисници на посебен додаток до 26 години.

Услугата ќе се користи во текот на летниот распуст во смени по седум (7) дена. Одобрениот термин за користење на услугата не може да се менува, освен доколку постојат оправдани причини.

Услугата на бесплатен одмор и рекреација за деца опфаќа шест (6) полни пансиони  (ноќевање со три оброка дневно), едукативни, забавни и спортски активности.

Децата корисници на посебен додаток имаат право на придружник за време на одморот. Услугата вклучува и превоз на децата и нивните придружници  до објектот  и обратно.

Потребни документи за користење на услугата:

За користење на бесплатната услуга за одмор и рекреација потребно е да се поднесе барање до надлежниот Центар за социјална работа, според местото на живеење. Барањето го издава надлежниот Центар за социјална работа. Барањата ќе можат да се поднесуваат најдоцна до 28.05.2025 година.Лицата кои ќе ја користат услугата навремено ќе бидат информирани од страна на надлежниот Центар за социјална работа .  

Приоритет при рангирањето ќе имаат лицата кои досега не ја користеле услугата.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }