Шахпаска: Продолжуваме со процесот на деинституционализација, ги унапредуваме социјалните услуги и одличната соработка со Општина Демир Капија

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска оствари средба со градоначалникот на Општина Демир Капија, Лазар Петров на која што разговараа за тековните и идни планови на општината и меѓусебната соработка со Министерството за труд и социјална политика.

Вложувањето во раниот детски развој преку проширувањето на капацитетите на установите за згрижување на деца од предучилишна возраст со цел поголем опфат на деца, унапредување на стручниот капацитет на вработените во нив,  децентрилизираните социјални услуги за кои се потпиша договор и со Општина Демир Капија, беа темите на денешната средба.

Како особено значајно на кое што соговорниците се осврнаа на овој состанок, беше трансформацијата на Специјален завод Демир Капија со цел станување на давател на социјални услуги во заедницата согласно потребите на граѓаните од оваа општина. Тоа вклучува и за прв пат кај нас воведување на услугата одмена на семејната грижа, но и помош за нега во домот.

Притоа, соговорниците се согласија на продолжување на одличната соработка која и досега ја имаат и како особено значајно продолжување на процесот на деинституционализацијата и преселбата на корисниците сместени во Заводот во мали групни домови.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }