Завод за социјални дејности
Заводот за социјални дејности е стручна и развојна установа во рамките на системот на социјалната заштита, чии активности се одредени со Законот за социјална заштита. Основан е во 1961 година под име Републички Завод за социјални прашања. Денес, оваа институција функционира под името ЈУ Завод за социјални дејности-Скопје.
ВИЗИЈА
Заводот е современа, динамична и флексибилна институција со функционален тим, препознаен квалитет, капацитет и професионален пристап, која се грижи за кариерниот и професионален развој на своите вработени, обезбедува стимулативни услови за работа и примена на меѓународно прифатени стандарди.
МИСИЈА
Заводот има мисија за обезбедување развој на компетенции и квалификации, сертифицирање,поддршка и насочување како и лична професионална промоција на давателите на социјални услуги. Заводот обезбедува актуелни информации и податоци за состојбите во областа на социјалната заштита како основа за планирање, развивање и унапредување на квалитетот на услугите кон граѓаните.
НАМЕРА
Квалитетни услуги кон граѓаните обезбедени во современ систем на социјална заштита кои превенираат ранливост и исклученост и овозможуваат способност за справување со социјалните ризици и функционално живеење.
ДЕЛОКРУГ НА РАБОТА
Заводот за социјални дејности е јавна установа за унапредување на социјалната дејност, со надлежност на територија на целата држава, која согласно Законот за социјалната заштита, ги врши следниве работи:
- следи, истражува и анализира социјални појави и проблеми;
- предлага мерки за унапредување на дејноста социјална заштита;
- спроведува лиценцирање на стручните работници во дејноста социјална заштита;
- спроведува активности за професионален развој на стручните работници во установи за социјална заштита и други даватели на социјални услуги;
- врши проценка на потреби од континуирана професионална едукација на стручните лица во установите за социјална заштита и кај други даватели на социјални услуги и донесува програма за континуирана професионална едукација по претходно мислење од Комисијата за одобрување програми за континуирана професионална едукација;
- води евиденција за учествата на обуки и дополнителните професионални активности на стручните работници даватели на социјални услуги;
- врши евалуација на реализираните програми за едукација и најмалку еднаш годишно доставува извештај за евалуацијата на програмите до Комисијата за одобрување на програми за континуирана професионална едукација;
- дава стручно мислење при изготвување на програми и стратегии за развој на социјалната заштита;
- подготвува стандарди и процедури за работа на стручните лица во установите за социјална заштита и другите овластени даватели на социјални услуги;
- води електронски регистар на одобрени програми за професионална едукација;
- донесува Етички кодекс за стручните работници во дејноста социјална заштита;
- врши надзор над стручната работа на установите за социјална заштита и другите овластени даватели на социјални услуги;
- спроведува супервизија во стручната работа во јавните установи за социјална заштита и на стручните лица во Агенцијата за вработување на Република Македонија–центри за вработување, а кои работат на водење на случај и соработуваат со стручните лица во центрите за социјална работа;
- остварува стручна соработка со домашни и меѓународни експерти, релевантни институции и организации и
- објавува стручни публикации во дејноста социјална заштита;
- води регистар за лица осудени за кривични дела за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија.
ОРГАНИЗАЦИСКА СТРУКТУРА
Организациската структура и работата на Установата е организирана на следниве нивоа:
1. В.Д. Директор (1)
Душанка Петрова, тел. 075 242-954 email: dusanka.petrova@mtsp.gov.mk
2. Служба за правни, финансиски и административни работи, човечки ресурси и професионален развој – раководител (1)
м-р Емилија Размоска, тел. 078 293-797, e-mail:emilija.razmoska@mtsp.gov.mk
2.1. Оддел за правно нормативни работи
2.2. Оддел за лиценцирање и одобрување на програми за континуирана професионална едукација – советници (4)
Офицер за заштита на лични податоци
Ана Бошњак, тел. 076 475-451, e-mail: ana.bosnjak@mtsp.gov.mk
д-р Даниела Станојковска, тел. 075 242-953, email: daniela.stanojkovska@mtsp.gov.mk
Марта Марковска, тел. 076 475-451, email: marta.markovska@mtsp.gov.mk
Лице за слободен пристап со информации од јавен карактер
м-р Климентина Спасовска, email: klimentina.spasovska@mtsp.gov.mk
2.3. Оддел за финансиски и административно технички работи и управување со човечки ресурси – помлади соработници (2)
Соње Николовска, email: sonje.nikolovska@mtsp.gov.mk
Владимир Дукоски, email: vladimir.dukoski@mtsp.gov.mk
3. Служба за надзор над стручната работа и супервизија – раководител (1)
Соња Кипровска, email: sonja.kiprovska@mtsp.gov.mk
3.1. Оддел за надзор над стручната работа - советници (5)
м-р Ана Павловска, email: ana.pavlovska@mtsp.gov.mk
м-р Емилија Раткова, email: emilija.ratkova@mtsp.gov.mk
Снежана Пајовиќ Мишевска, email: snezana.misevska@mtsp.gov.mk
Соња Атанасова, email: sonja.atanasova@mtsp.gov.mk
Оливера Станковиќ, email: olivera.stankovic@mtsp.gov.mk
3.2. Оддел за супервизија - советници (3)
Аленка Бинички Арсеновски, email: alenka.arsenovski@mtsp.gov.mk
Билјана Јарчевска, email: biljana.jarcevska@mtsp.gov.mk
4. Служба за унапредување на дејноста социјална заштита
4.1. Оддел за истражување и анализи – советници (2)
Васка Стефановска, email: vaska.stefanovska@mtsp.gov.mk
д-р Невена Петровска, email: nevena.petrovska@mtsp.gov.mk
4.2. Оддел за подготовка на стандарди и процедури - советници (3)
спец. Тања Цветковиќ Данева, email: tanja.daneva@mtsp.gov.mk
д-р Катица Кичукова Голубовска, email: katica.golubovska@mtsp.gov.mk
м-р Ивана Двојакова, email: ivana.dvojakova@mtsp.gov.mk
ЛОКАЦИЈА
ЈУ Завод за социјални дејности се наоѓа на ул. 11 Октомври бр.42 А, во зградата на Домот на Хуманитарни организацции „Даре Џамбаз“ Скопје