Отворање на дисперзирани одделенија во центрите за социјална работа


Министерството за труд и социјална политика презеде конкретни мерки за овозможување на поголема достапност на социјалната работа и социјалната заштита до сите граѓани, особено до оние кои живеат во руралните средини и во населени места кои се надвор од седиштето на Центарот за социјална работа. Во оваа насока, досега се отворени вкупно 35 подрачни одделенија за непосредна социјална работа во општините кои се надвор од седиштето на центарот за социјална заштита.


Во првата фаза до 2012 година отворени се 19 подрачни единици за непосредна социјална работа.


Акциониот план за отворање на нови дисперзирани одделенија за непосредна социјална работа во центрите за социјална работа, во  текот на 2013 година целосно е реализиран со отворање на уште 10 подрачни единици.


Со спроведување на дополнетиот Акциониот план се отворени уште 4 подрачни единици за непосредна социјална работа.


Во  2014 година е отворено и одделението за непосредна социјална заштита за подрачјето на општина Росоман во рамки на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Кавадарци.


Во текот на 2014 превземени се активности за проширување на  работата на постојното одделение за општина Чешиново и Облешево, така што стручните лица ќе работат и во населеното место Облешево. 

 

Центар за социјална работа Општина
ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на Град Скопје Аеродром, Гази Баба, Бутел, Центар, Карпош, Кисела Вода, Чаир, Шуто Оризари ,Сарај, Сопиште, Илинден и Ѓорче Петров
ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Кочани Чешиново, Облешево и Зрновци
ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Берово Пехчево
ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Неготино Демир Капија
ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Крива Паланка Ранковце
ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Куманово Липково
ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Делчево Македонска Каменица
ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Дебар Центар Жупа
ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Гостивар Маврово-Ростуше
ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Гевгелија

Општина Дојран и

Општина Богданци

ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Битола Општина Новаци
ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Прилеп

Општина Кривогаштани и

Општина Долнени

ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Велес Општина Чашка
ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Пробиштип Населено место Злетово
ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Тетово Општина Јегуновце
ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Струга Општина Вевчани
ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Струмица Општина Босилово
ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Штип Општина Карбинци
ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Радовиш Општина Конче
ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Кавадарци Општина Росоман

Табела 1. Центри за социјална работа и подрачни одделенија за непосредна социјална работа

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }