Средба на министерката Шахпаска со Организација на работодавачи на Македонија
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска оствари средба со претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија и неговите соработници.

На средбата од страна на Организацијата на работодавачи беше презентирано нивниот придонес во градењето на социјалниот дијалог, колективното договарање, како и учеството во функционирањето на Економско социјалниот совет. Воедно беа изнесени и предлози за негово понатамошно подобрување и унапредување, меѓудругото преку измени на постојната законска регулатива.

Министерката Шахпаска нагласи дека поради важната улога на социјалниот дијалог во изминатиот период беа организирани повеќе средби и состаноци на кои беше разговарано за повеќе актуелни прашања, како што се четвртиот пакет економски мерки, предлогот за недела неработен ден и други прашања.
Соговорниците се согласија дека и синдикатите и работодавачите и Владата се еднакво важни чинители за градење на конструктивен социјален дијалог кој ќе придонесе за унапредување на правата на работниците и економско социјална состојба во државата.