Прашања од областа на боречко-инвалидската заштита

1. Како се определува лична инвалиднина на воен инвалид?

Лична инвалиднина се определува во месечен износ според групата на воениот инвалидитет, односно се определува со процент.

Врз основа на тоа е направена категоризација во групи и тоа:

  • I група – месечниот износ на личната инвалиднина се определува во висина на 1,80 просечна месечна плата во Републиката остварена за тековниот месец.
  • II група – 73%
  • III група – 55%
  • IV група – 40%
  • V група – 30%
  • VI група – 20%
  • VII група – 15%
  • VIII група – 12%
  • IX група – 10%
  • X група – 8%

2. Кои документи се потребни за определување на лична инвалиднина?
За остварување на правото на лична инвалиднина потребни се следните документи:

  • Барање     
  • Медицинска документација за настанатата повреда, ранување или болест     
  • Уверение или потврда од МВР или АРМ за настанот     
  • Државјанство

3. Што претставува семејна инвалиднина и кој има право да ја користи?
Семејна инвалиднина претставува еден вид надоместок на семејството за изгубен член на семејството, како и за заедничко живеење и чување на воениот инвалид до неговата смрт.

Семејна инвалиднина имаат право да ја користат:

  • членовите на потесното семејство на паднат борец, 
  • членовите на потесното семејство на инвалид од I до VII група, по неговата смрт
  • членовите на потесното семејство на лице кое загинале или умрело од последици на рана, повреда или болест здобиена под околностите од член 11 на Законот за правата на воените инвалиди, на членовите на нивните семејства и на членовите на семејствата на паднатите борци.

4. Кои документи треба да ги  поднесам за да се стекнам со право на семејна инвалиднина?

За стекнување на право на семејна инвалиднина потребно е да се поднесат следниве документи:

  • Барање
  • Решение за сопругот-родител или дете дека е починат или загинат воен инвалид
  • Извод од матичната книга на родени
  • Извод од матична книга на венчани
  • Извод од матична книга на умрени
  • Државјанство

5. Колку изнесува семејната инвалиднина? 
Семејната инвалиднина за еден корисник изнесува 8% месечно од месечниот износ на личната инвалиднина, а корисник кој тоа право го остварил како член на семејство на паднат борец  користи 35% од месечниот износ на личната инвалиднина.

6. Што е тоа зголемена семејна инвалиднина?
Ако право на семејна инвалиднина остваруваат повеќе членови на семејството, за секој соуживател износот на семејната инвалиднина од став 2, односно од став 3 на овој член се зголемува за 50% и така определената семејна инвалиднина на соуживателите им припаѓа на еднакви делови. Родителот на паднат борец чиешто единствено дете загинало во војна под околностите од член 5 на Законот за правата на воените инвалиди, на членовите на нивните семејства и на членовите на семејствата на паднатите борци, како и родителот на паднат борец кој имал повеќе деца па едно го изгубило животот под истите околности, а другите го изгубиле животот како граѓански жртви на војната (фашистички терор, воени операции, бомбардирања и друго), има право на семејна инвалиднина од член 30 став 3 на овој закон зголемена за 50% под услов ни едно од тие деца да не оставиле пород и тој родител подоцна да немал други деца.  Ако семејна инвалиднина користат двата родители како соуживатели, износот на семејната инвалиднина определен според член 30 став 3 на  Законот за правата на воените инвалиди, на членовите на нивните семејства и на членовите на семејствата на паднатите борци се зголемува за 50%. Исто така, родителот и брачниот другар на паднат борец кои немаат деца, односно ако имаат едно или повеќе деца кои се неспособни за работа, под услов таа неспособност да настапила пред 15 години живот на детето, односно пред наполнети 26 години живот ако детето било на редовно школување, како и детето на паднат борец без двата родители имаат, покрај право на семејна инвалиднина, и право на зголемена семејна инвалиднина. Зголемената семејна инвалиднина изнесува 40% од месечниот износ на личната инвалиднина на воен инвалид од I група. 

7. Кои услови треба да ги исполнам за да може да го користам правото на инвалидски додаток?
Правото на инвалидски додаток може да го користи воен инвалид и корисник на семејна инвалиднина ако месечните приходи во семејството не се повисоки од 19% од просечната месечна плата остварена во Републиката за тековниот месец.

8. Како се определува висината на инвалидскиот додаток?
Инвалидскиот додаток на воените инвалиди од I до V група се определува во висина од 10% од просечната месечна плата остварена во Републиката за тековниот месец.  Инвалидскиот додаток на инвалидите од VI до X група и на корисниците на семејна инвалиднина се определува во висина од 20% од просечната месечна плата остварена во Републиката за тековниот месец. 

9.Кога се намалува износот на инвалидски додаток?
Износот на инвалидскиот додаток се намалува за 30% за корисниците кои имаат приходи. 

10. Кога се зголемува инвалидскиот додаток?
Инвалидскиот додаток се зголемува за 40% за секој натамошен член на семејството-соуживател на семејна инвалиднина. Во случај кога двајца или повеќе корисници на ивалиднина од едно семејство, секој за себе, ги исполнува условите за стекнување право на инвалидскиот додаток, инвалидскиот додаток за секој од нив се определува посебно. 

11. На кој начин, корисник на инвалидски додаток кој е сместен во здравствена или друга организација и му е обезбеден надоместок на трошоците за сместување, го користи правото?
На корисник на инвалидски додаток кој е сместен во здравствена или друга организација и му е обезбеден надоместок на трошоците за сместување му се исплатува 25% од износот на инвалидскиот додаток, односно ако има членови на семејство кои тој ги издржува му се исплатува целиот износ на инвалидскиот додаток.

12. Како се определува инвалидскиот додаток за воените инвалиди со живеалиште во странство?
Инвалидскиот додаток за воените инвалиди со живеалиште во странство  се определува зависно од групата на инвалидитет во која е распореден инвалидот, според имотната состојба на воениот инвалид, зависно од бројот на соуживатели и според имотната состојба на корисникот на семејна инвалиднина.

13. Кои документи треба да ги  поднесам за да се стекнам со право на инвалидскиот додаток?
Потребно е да се поднесе:

  • Барање
  • Решение за утврдено својство на воен инвалид или остварено право на семејна инвалиднина
  • Уверение од УЈП за остварени приходи
  • Потврда од Агенцијата за вработување
  • Потврда од ПИОМ дали е корисник на пензија
  • Потврди за децата како соуживатели на правото издадени од училиште или факултет

14. Кога воен инвалид може да го користи правото на еднократна парична помош?
Право на еднократна парична помош се остварува во случај на смрт на воениот инвалид во висина на двомесечен износ на лична инвалиднина што му припаѓала на воен инвалид од III група во времето на смртта на воениот инвалид, ако правото на еднократна парична помош не е остварено по друг пропис.

15. Кој има право на додаток за нега и помош од страна на друго лице?
Право на додаток за нега и помош од страна на друго лице има:

  • воен инвалид од I група- воен инвалид од II до X група кај кого оштетувањето на организмот настапило независно од инвалидитетот, што заедно со инвалидитетот е еднакво на оштетувањето на организмот на инвалидот од I група 
  • корисници на семејна инвалиднина
  • корисници на инвалидски додаток чија неспособност е еднаква на неспособноста на инвалид од I група, распоредени во III степен. 


16. Како се определува висината на додатокот за нега и помош од друго лице и колку изнесува месечно додатокот?
Основица за определување на висината на додатокот за нега и помош од страна на друго лице е месечниот износ на личната инвалиднина на воен инвалид од I група.

Додатокот за нега и помош од друго лице месечно изнесува:

  • за прв степен 100% од основицата,
  • за втор степен 66% од основицата, 
  • за трет степен 46% од основицата 
  • за четврт степен 20% од основицата. 

17. Кој не може да го користи додатокот за нега и помош од друго лице?
Корисник кој е сместен во здравствена или друга организација во која му се обезбедени потребната нега и помош, не му припаѓа тој додаток додека се наоаѓа на сместување во таквата организација, освен ако самиот ги поднесува трошоците за сместување.

18. Кој има право да користи ортопедски додаток?
Ортопедски додаток може да користат воените инвалиди од I до VI група, на кои им е утврден воен инвалидитет поради потешки оштетувања на организмот како непосредна последица од здобиена рана, повреда или болест што предизвикала ампутација на екстремитет или тешко оштетување на функцијата на екстремитет и поради потполно губење на видот на двете очи.

19. Како се определува и колку изнесува висината на ортопедскиот додаток?
Основица за определување на висината на ортопедскиот додаток е месечниот износ на личната инвалиднина на воениот инвалид од I група и тој изнесува:

  • за I степен 29% од основицата,
  • за II степен 22% од основицата,
  • за III степен 14% од основицата и
  • за IV степен 7% од основицата

20. Дали и како,  воен инвалид може да оствари право на патничко моторно возило?
Правото на патничко моторно возило може да го оствари воениот инвалид од I група чие својство на воен инвалидитет е утврдено трајно.Воениот инвалид од I група има право на патничко моторно возило со зафатнина до 1000 цм/кубни чија набавна вредност на пазарот во Македонија не е повисока од 15 месечни лични инвалиднини на воен инвалид од прва група 100% и може повторно да го оствари правото по истекот на десет години од денот на преземањето на порано применото - купено возило.

Потребни документи за остварување на правото:

  • Барање
  • Решение за утврдено својство на воен инвалид
  • Профактура од фирмата од каде ќе се купува возилото

21. Дали воен инвалид може да користи право на здравствена заштита и кои документи се потребни за остварување на истото?
Воените инвалиди и корисниците на семејна инвалиднина, доколку немаат друга основа за здравствено осигурување имаат право на здравствена заштита во обем, под услови и на начин утврдени со прописите за здравствена заштита, доколку со Законот за правата на воените инвалиди, на членовите на нивните семејства и на членовите на семејствата на паднатите борци не е поинаку определено. Воените инвалиди и корисниците на семејна инвалиднина кои тоа право го оствариле како членови на семејство на паднат борец, не учествуваат во трошоците при користење на здравствена заштита, освен за користење на лекови, незадолжителна имунизација и лекување со примена на природен фактор.Министерството за труд и социјална политика ги надоместува трошоците за учеството при користењето на здравствената заштита на здравствената организација која извршила здравствени услуги.

23. Дали воен инвалид има право на професионална рехабилитација?
Воените инвалиди имаат право на професионална рехабилитација. Правото на рехабилитација се утврдува врз основана наод и мислење на лекарска комисија. Лицата кои ги исполнуваат условите за рехабилитација по овој закон или за преквалификација и доквалификација по прописите од пензиското и инвалидското осигурување, можат по сопствен избор ла го искористат правото само по една основа.Право на професионална рехабилитација за оспособување за вршење занимање од ист степен, може да секористи само еднаш. Воените инвалиди за време на професионалната рехабилитација имаат право на надоместок додека трае таа рехабилитација, во висина на инвалидскиот додаток. 

24. Што претставува бесплатен и повластен превоз?
Воениот инвалид и корисникот на семејна инвалиднина имаат право на бесплатен превоз во внатрешниот сообраќај со железница и автобус кога од надлежни орган во Републиката е упатен или повикан заради преглед пред лекарска комисија надвор од живеалиштето.Кога воен инвалид од I до IV група кому му е признато право на надоместок за нега и помош од страна на друго лице, патува заради остварување на право според овој закон, има право на бесплатен превоз за лицето кое за време на патувањето му дава нега и помош. Кога децата корисници на семејна инвалиднина до наполнети 15 години живот патуваат надвор од живеалиштето затоа што надлежниот орган ги повикал или упатил заради остварување на право според овој закон, имаат право на бесплатен превоз за придружник. Воениот инвалид има право на три повластени возења во внатрешниот сообраќај со железница и автобус со повластица од 75% од редовната возна цена.

25. Кој и на кој начин може да го оствари правото на бањско климатско лекување?
Бањско и климатско лекување може да користи само воен инвалид. Воен инвалид кој во текот на последната година интензивно е лекуван со современи медицински мерки и средства од болеста наведена како индикација во Листата на медицинските индикации и контраиндикации за бањско и климатско лекување. Кога воениот инвалид е лекуван од повеќе болести, лекарска комисија ќе одлучи поради која болест инвалидот треба да се упати на бањскo и климатско лекување. Воениот инвалид може да користи бањско и климатско лекување само еднаш во текот на календарската година во траење од 15 дена. На барање на воениот инвалид,  матичниот лекар дава предлог за бањско и климатско лекување. Лекарска комисија го дава своето мислење по предлогот на лекарот за бањско и климатско лекување на воениот инвалид по увидот во медицинската и во друга документација за здравствената состојба и лекувањето на воениот инвалид или по извршениот преглед на воениот инвалид. Ha воениот инвалид кому му е признато правото на додаток за нега и помош од страна на друго лице, може да му се одреди придружник за време на бањското и климатското лекување, доколку во лекувалиштето не е обезбедена постојана нега и помош на корисниците. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }