Работен состанок на министерот Бајрами со претставници на амбасадите на Шпанија и Австрија
На 3.2.2010 година во просториите на Министерството за труд и социјална политика, се одржа состанок на министерот г.Џељаљ Бајрами, со заменик амбасадорката на Шпанија, г-ѓа Марија Анхелес Гарсија де Лара и г-ѓа Сузане Шмид, советник и конзул на Австриската Амбасада во Република Македонија.

Познато е дека Република Шпанија е земја претесдавач со ЕУ пришто беше истакнато дека како земја претседавач, Шпанија е подготвена за давање на соодветна поддршка и помош и доколу е потребна одредена конкретна техничка помош, амбасадата на Шпанија е отворена за понатамошна соработка.
Исто така беше истакнато дека Шпанската амбасада заедно со Австриската амбасада со институцијата FIA досега имале имплементирано 236 проекти.
Со цел да се продолжи соработката и по други прашања и проекти од областа на Министерството за труд и социјална политика беа разменети мислења и информации по однос на ваквите проекти.
Истовремено бараа министерот да ги информира и во врска со активностите поврзани со донесување на новиот закон за спречување и заштита од дискриминациија. |