Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Заменик министерот Ѓоко Велковски на одбележувањето на Денот на згрижувачките семејства

Заменик министерот Ѓоко Велковски на одбележувањето на Денот на згрижувачките семејства

По повод Денот на згрижувачките семејства, заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денес присуствуваше и се обрати на настанот организиран од ЈУ „11 Октомври“ – Скопје, кој се одржа во ЗОО Скопје.

Во своето обраќање, заменик министерот Велковски ја истакна важноста на згрижувачките семејства во обезбедувањето сигурна, топла и поддржувачка семејна средина за децата и лицата на кои им е потребна дополнителна грижа

„Да се биде згрижувач не е само обврска, туку повик да се отвори срцето и да се создаде чувство на припадност и сигурност за некого кому тоа му е најпотребно. Вашата улога во општеството е од непроценливо значење и благодарение на вашата посветеност, многу деца добиваат можност да растат во средина исполнета со љубов, грижа и внимание“, истакна Велковски.

Тој упати и повик до сите хумани граѓани кои имаат желба и можност да помогнат, да размислат за вклучување во системот на згрижување и да им дадат поддршка на децата кои се соочуваат со животни предизвици.

Заменик министерот нагласи дека Министерството за социјална политика, демографија и млади останува цврсто посветено на унапредување на системот на згрижување, обезбедување поголема поддршка за згрижувачките семејства и создавање услови секое дете да расте во безбедна и поттикнувачка средина.

На крајот од своето обраќање, Велковски упати искрена благодарност до сите згрижувачки семејства за нивната пожртвуваност, трпение и несебична љубов, истакнувајќи дека тие претставуваат пример за хуманост и инспирација за целото општество.

Мени за пристапност