Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Повик за користење на бесплатна услуга за одмор и рекреација на деца од семејства со социјален ризик, деца корисници на посебен додаток и деца без родители и родителска грижа за време на летниот распуст 2026 година

Институција која огласува: Министерство за социјална политика, демографија и млади

Рок на пријавување: 15/05/2026

Министерство за социјална политика, демографија и млади ги повикува заинтересираните лица корисници на  детски додаток, додаток за образование, гарантирана минимална помош, деца корисници на посебен додаток до 26 години и деца без родители и родителска грижа, да се јават за користење на бесплатна услуга за одмор и рекреација за своите деца. 

Oваа услуга може да ја користат деца од семејства корисници на детски додаток, додаток за образование, гарантирана минимална помош, деца корисници на посебен додаток до 26 години и деца без родители и родителска грижа, родени во периодот од 2011 до 2015 година,  редовни ученици  во основно училиште, како и деца корисници на посебен додаток  до 26 години.

Услугата ќе се користи во текот на летниот распуст во смени по 7 дена.

Одобрениот термин за користење на услугата не може да се менува, освен доколку постојат оправдани причини.

Услугата на бесплатен одмор и рекреација за деца опфаќа 6 полни пансиони  (ноќевање со три оброка дневно), едукативни, забавни и спортски активности.

Децата корисници на посебен додаток имаат право на придружник за време на одморот. 
Услугата вклучува и превоз на децата и нивните придружници  до објектот  и обратно.

Потребни документи за користење на услугата:
За користење на бесплатната услуга за одмор и рекреација потребно е да се поднесе барање до надлежниот Центар за социјална работа, според местото на живеење. Барањето го издава надлежниот Центар за социјална работа. 

Барањата ќе можат да се поднесуваат најдоцна до 15.05.2026 година.

Лицата кои ќе ја користат услугата навремено ќе бидат информирани од страна на надлежниот Центар за социјална работа.

Мени за пристапност