Зголемување на фондот за набавка на логички игри и сложувалки во јавните установи за деца–детски градинки
Цел: Логичките игри и сложувалки како структуиран материјал систематски и најцелисходно ги постигнуваат основните функции и цели во развојот и оформувањето на една добра, квалитетна и комплексна детска личност. Всушност преку нив им се помага на децата да го развијат кај себе логичкото мислење и законите на логичкото мислење.
Со цел реализација на програмираната активност на Владата на Република Македонија за зголемување на фондот за набавка на логички игри и сложувалки за градинките во целата земја, како и на програмираната активност во развојот на заштитата на децата, Министерството за труд и социјална политика изготви Акционен план за зголемување на фондот за набавка на логички игри и сложувалки за општинските јавни детски градинки во Република Македонија 2012-2015 година, со кој се утврдува буџет и рокови за набавка на овие игри.
Постигнати резултати: До сега со 583 комплета логички игри се опремени 583 групи во јани општински детски градинки.