Економско -социјален совет
Економско-социјалниот совет е трипартитно тело, формирано од Владата на Република Македонија и социјалните партнери за водење на социјален дијалог, заради создавање на услови за економска и социјална стабилност и остварување на темелните вредности на Република Македонија како демократска и социјална држава.
Потписници на спогодбата за формирање на Економско-социјалниот совет се Владата на Република Македонија, Сојузот на синдикатите на Македонија, Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија и Организацијата на работодавачи.
Структура
Економско-социјалниот совет, согласно Спогодбата, е составен од 12 членови:четири члена именува Владата на РМ, четири члена именуваат репрезентативните здруженија на работодавачи на територијата на Република Македонија и четири члена именуваат репрезентативните синдикати на територијата на Република Македонија.
Претседател на Економско-социјалниот совет
- Јагода Шахпаска, министер за труд и социјална политика
Членови на советот
Име и презиме |
функција во ЕСС |
функција |
Јагода Шахпаска
|
претседател |
Министер за труд и социјална политика |
Енвер Хусеин |
заменик член |
Заменик министер за труд и социјална политика |
Фатмир Битиќи
|
член |
Заменик претседател на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања |
Милаим Амети |
заменик член |
Шеф на кабинет |
Фатмир Бесими |
член |
Министер за финансии |
Д-р Димитар Ковачевски |
заменик член |
Заменик министер за финансии |
Крешник Бектеши |
член |
Министер за економија |
Кирил Колемишевски |
заменик член |
Заменик министер за економија |
Дарко Димовски |
член и заменик претседател на ЕСС |
Претседател на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) |
Пецо Грујовски |
член |
Сојуз на синдикати на Македонија (ССМ) |
Живко Даневски |
член |
Сојуз на синдикати на Македонија (ССМ)
|
Љупчо Радовски |
член |
Сојуз на синдикати на Македонија (ССМ) |
Златко Цветковски |
заменик член |
Сојуз на синдикати на Македонија (ССМ) |
Љубиша Каранфиловски
|
заменик член |
Сојуз на синдикати на Македонија (ССМ)
|
Иван Пешевски |
заменик член |
Сојуз на синдикати на Македонија (ССМ)
|
|
заменик член |
Сојуз на синдикати на Македонија (ССМ)
|
Ангел Димитров |
член и заменик претседател на ЕСС |
Претседател на Организација на работодавачи на Македонија (ОРМ) |
Невенка Ристовска
|
заменик член |
Организација на работодавачи на Македонија (ОРМ)
|
Анета Петровска-Русомарски |
член |
Организација на работодавачи на Македонија (ОРМ) |
Томе Петковски |
заменик член |
Организација на работодавачи на Македонија (ОРМ)
|
Љупчо Фармакоски |
член |
Организација на работодавачи на Македонија (ОРМ) |
Бети Саздовска Содиќ |
заменик член |
Организација на работодавачи на Македонија (ОРМ) |
Владанка Трајкоска |
член |
Организација на работодавачи на Македонија (ОРМ) |
Борис Хрисафов |
заменик член |
Организација на работодавачи на Македонија (ОРМ)
|
Управување
Економско- социјалниот совет ја има следнава структура на управување:
- претседател и двајца заменици на претседателот
- секретар
Претседателот на Советот е министерот за труд и социјална политика, кој е член на Советот по функција.
Претседателот на Советот го претставува и застапува Советот пред надлежните органи и јавноста, ги свикува седниците, предлага дневен ред, ја координира и усогласува работата.
Секретарот на ЕСС е лице од Министерството за труд и социјална политика, определено од министерот за труд и социјална политика.
Организациските, административните и техничките работи на ЕСС и неговите работни тела се извршуваат во Одделението за социјално партнерство при Министерството труд и социјална политика.
Надлежности
- ги следи, проучува и оценува влијанието на економската политика и мерките на економската политика на социјалната стабилност и развој;
- ги следи, проучува и оценува влијанието на социјалната политика и мерките на социјалната политика на економската стабилност и развој;
- ги следи, проучува и оценува влијанието на промените на цените и платите на економската стабилност и развој;
- му дава образложено мислење на министерот за труд за прашања и проблеми поврзани со склучувањето и примената на колективните договори;
- им предлага на Владата, работодавачите и синдикатите, односно на нивните здруженија на повисоко ниво, водење на усогласена политика на цени и плати;
- дава мислења по предлози на закони од областа на трудот и социјалната сигурност;
- ја промовира и поттикнува идејата на тространа соработка (трипартитен социјален дијалог) помеѓу социјалните партнери за решавање на економските и социјалните прашања и проблеми;
- го поттикнува мирното решавање на колективните работни спорови;
- дава мислења и предлози на министерот за труд во врска со другите прашања утврдени со овој закон.
-Економско социјалниот совет може да основа одбори и комисии за поедини прашања од својот делокруг.
-Економско социјалниот совет донесува деловник со кој се уредува начинот на работата на советот.
Заклучоци
Економско-социјалниот совет разгледува законски и други прописи, национални стратегии и програми кои што се во врска со економско-социјалните интереси на работниците и работодавачите, проекти и материјали од економската и социјалната сфера и при тоа се носат соодветни предлози, мерки и заклучоци.Заклучоците во однос на законските прописи се доставуваат до Владата на РМ и Собранието на РМ.