Студиска посета во Брисел
Oбезбедување на богата платформа со знаење за функционирањето на Европските институции во врска со процесот на проширување но и во врска со прилагодувањето и спроведувањето на своите политики за вклучување на Ромите и унапредување на соработката помеѓу Одделението за Имплеменатција на Стратегијата и Декадата за Ромите ( ОИСДР) и Кабинетот на Министерот без ресор, но истовремено и – ова беа главните цели на петдневната (13 – 18 Ноември 2011 година) студиска посета во Брисел. Таа беше организирана од проектот со помош на гореспоменатите институции и Европската Делегација во Скопје. Имајќи ја во предвид важноста на европските искуства за нас, акцентот на студиската посета беше токму врз “собирање„ знаење од самите ЕУ институции, организации, правни застапништва и сл. кои можат и треба да се применуваат во нашата земја.
Учесници во посетата беа Министерот без ресор, Неждет Мустафа и членовите од неговиот кабинет, Мабера Камбери – Раководител на секторот за координација и техничка поддршка на Министерот за труд и социјална политика, двајца членови на ОИСДР и еден од Секторот за Европски прашања.
Студиска посета во Брисел, Белгија 13 – 18 Ноември, 2011
Агендата на посетата се состоеше од состаноци со институциите – домаќини, разни организации и мрежи, а предизвика позитивна повратна реакција и кај учесниците и кај проектниот тим. Особено беа задоволни заради изборот на институтциите што беа посетени оти целите беа постигнати.
|