22.03.2024

Втора седница на Економско Социјален Совет –

Минимална плата 22 567 денари во нето износ  

На денешната втората седница на ЕСС се разгледуваа повеќе точки меѓу кои утврдување на висината на минималната плата,  имплементацијата на работниот план на прегледот на занимања за периодот 2023 година, Извештајот за работа на Државниот инспекторат за труд за 2023 година и Информација за учество на Меѓународната конференција на трудот во Женева во месец јуни 2024 година.

По однос на минималната плата, согласно член 4 од Законот за минимална плата, висина на минимална плата во бруто износ за месец март секоја година се усогласува со: 50% од порастот на просечно исплатената нето плата, за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика и 50% од порастот на индексот на трошоците на живот, за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика.

Порастот по основ на просечно исплатената нето плата е 14,9% според соопштението бр.4.1.24.16 од 22.02.2024 година на Државниот завод за статистика, а порастот на индексот на трошоците на живот изнесува 9,4% според податоци на Државниот завод за статистика објавени со соопштение 4.1.24.02 од 09.01.2024 година.

Согласно членот 4 од Законот за минималната плата за 2023 година треба да се усогласи:

50 % од 14,9% = 7,45 %

50 % од 9,4 % = 4,70 %

7,45 % + 4,70 % = 12,15 % при што 

минималната плата за 2023 година во износ од 29 739 денари, усогласена, односно зголемена за 12,15 % ја дава минималната плата за 2024 година, односно истата изнесува 29,739 + 12,15 % = 33 352 денари во бруто износ и 22 567 денари во нето износ.

Во однос на минималната плата за 2023 година, минималната плата за 2024 година ќе бележи пораст од 3 613 денари во бруто износ, односно 2 392 денари во нето износ.

Извештајот за работа на Државниот инспекторат за труд за 2023 година содржи број на инспекциски надзори од областа на работните односи и безбедноста и здравје при работа, број на инспекциски мерки, број на контролни инспекциски надзори, број на поднесени прекршочни барања за сторителите на прекршокот и исходот од прекршочните барања кои се евидентира од страна на Државниот инспекторат за труд.

Во врска со работниот план на прегледот на занимања за периодот 2023 година изготвени се 10 занимања според предвидениот работен план за преглед на занимања за периодот 2022 - 2026 година и изработката на занимањата оди согласно предвидената методологија. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }