26.10.2022

Тренчевска: Преку поддршката на приватниот сектор и граѓаните поединечно, влијаеме на целокупниот економски раст и развој

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска заедно со заменик постојната претставничка на УНДП, Сања Бојаниќ и директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Беким Мурати присуствуваа на промоцијата на новата мерка од Оперативниот план за активни мерки и програми „Поддршка за креирање на нови работни места преку зелени инвестиции“.

Министерката за труд и социјална политика во своето обраќање ја потенцира успешноста на Оперативниот план за 2022 година кој досега има реализација од вкупно 75% за сите мерки и како најатрактивни ги посочи дека се мерките за самовработување и обуките за ИТ вештини.

„Денеска ја промовираме мерката „Поддршка за креирање на нови работни места преку зелени инвестиции“ која треба да го поттикне создавањето на нови вработувања и воедно да го забрза процесот на зелена трансформација на приватниот сектор преку воведување на зелени производи, услуги, технологии или процеси во претпријатијата“ рече Тренчевска.

Во своето обраќање директорот на АВРСМ појасни што се предвидува со новата мерка од Оперативниот план.

„Со мерката се предвидува финансиска поддршка во вид на грант за 100 нови вработувања и истата изнесува од 205.000 денари до 615.000 денари, зависно од бројот на одобрени вработувања кај работодавачи од приватниот сектор, кои се заинтересирани за отворање на нови работни места и зелени инвестиции “ рече Мурати.

Заменик постојаната претставничка на УНДП, Сања Бојаниќ се задржа на зелената економија и анализите во државата.

„Според последните анализи, моделите на циркуларна економија во Северна Македонија може да генерираат до 8.000 нови зелени работни места и 47 милиони евра до 2030 година. Во тој правец, во партнерство со Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување, ја дизајниравме пилот мерката за поддршка на приватниот сектор и отворање нови одржливи работни места преку зелени инвестиции. 100те планирани ново отворени работни позиции се можеби скромен, но многу важен придонес за отворање нов приод кон градење зелена економија со исклучително значајно влијание на пазарот на трудот и националната екононија“ – истакна Сања Бојаниќ.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }