16.06.2022

Тренчевска од Рим: Преку економски и социјални политики го подобруваме квалитетот на живот на старите лица

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска учествува на дводневна министерска конференција во Рим, Италија, во организација на УНЕЦЕ, Постојаната работна група за стареење на УНЕЦЕ и Владата на Италија. 

Министерката Тренчевска денеска учествуваше на  панел дискусијата на сесијата организирана од Владата на Бугарија и Регионалната канцеларија на Фондот за население на ОН (УНФПА), на тема „Зајакнување на демографската отпорност преку искористување на можностите од стареењето на населението“.

Во своето излагање министерката се осврна на социјалните и економски политики кои држава ги реализира, а имаат за цел подобрување на квалитетот на живот на старите лица.

„Како Влада и како министерство, грижата за највозрасната категорија на граѓани е наш приоритет и одговорност. Тоа се рефлектира низ носење на нови законски решенија, мерки и социјални услуги со кои придонесуваме во подобрување на квалитетот на живот на старите лица“, рече Тренчевска.

Во таа насока таа ја посочи измените во Законот за пензиското и инвалидското осигурување, со кои се воведе нова методологија на усогласување на пензијата преку комбиниран модел од 50% пораст на просечната плата и 50% пораст на трошоци на живот. Според првичните анализи, усогласувањето ќе придонесе кон раст на пензиите над 6% и ќе придонесе кон подобро усогласување на висината на пензиите со трошоците за живот. Покрај новата методологија во време на криза беше обезбедена и финансиска поддршка во период од три месеци, за околу 330.000 пензионери. 

Министерката зборуваше и за процесот на децентрализација преку кој социјалните услуги се приближуваат до граѓаните во нивното место на живеење. Со посебен акцент на старите и изнемоштени лица и лицата кои не можат да се грижат сами за себе, при што е обезбедена  помош и поддршка во секојдневните обврски, околу одржување на домаќинството, помош во лична хигиена и медицинска нега од страна на негователи.

„Во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги, финансиран со заем од Светска Банка, Министерството за труд и социјална политика во со првиот јавен повик од 2019 упатен до општините за аплицирање за грант за развој на социјални услуги има склучено договори со 22 општини и 15 даватели на услуги за 22 под-проекти од кои 16 се насочени кон развој на социјални услуги за стари лица и тоа 15 за услугата помош и нега во домот и 1 за услугата дневен престој со активно стареење,“ информираше Тренчевска.

Таа посочи дека, во соработка со УНФПА, министерството е во процес на планирање на нова фаза на мерки со кои ќе се адресираат демографските предизвици и ќе се зајакнат капацитетите на институциите да носат мерки и политики со кои ќе се поддржи пристапот до права и квалитетни услуги за граѓаните од сите возрасти.

„За креаторите на политики, здравото стареење подразбира холистички пристап кон градењето политики кои овозможуваат пристап до права и квалитетни услуги, овозможување еднакви животни можности, поддршка на култура на здраво живеење, поддршка за остварување на посакуваната големина на семејство и поддршка на семејствата, за развивање и ефектуирање на човечкиот потенцијал на лицата од различни возрасти,“ порача Тренчевска.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }