23.01.2022

Тренчевска: Недела-ден на неделен одмор е реалност, повеќе време за семејството и негување на традиционалните вредности

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со претседателот на Владата на РСМ, Димитар Ковачевски, го посетија семејството Шишковски од скопската населба Илинден со кое поразговараа за придобивките од законското решение со кое недела стана ден на неделен одмор за околу 92% од работниците во државата.

Министерката Тренчевска го истакна значењето на ова законско решение во смисла на воспоставување на рамнотежа помеѓу професионалниот и приватниот живот на граѓаните, решение кое директно придонесува за поголема мотивираност и ефикасност на работниците.

„Ова законско решение претставува уште еден исчекор кон унапредување и заштита на работничките права. Мотивиран  работник е истовремено и продуктивен работник. Но, истовремено тоа значи и повеќе време за семејството,“ рече Тренчевска.

Семејството Шишковски смета дека ова законско решение овозможува повеќе време за  семејството, заеднички неделен ручек и негување на традиционалните вредности. За младата Стефанија која работи во приватниот сектор, недела -ден на неделен одмор претставува време поминато со своите блиски, време за прочитана книга, време за прошетка, за посета на некое туристичко место и свеж старт за следната работна недела.

Недела - ден на неделен одмор е законско решение на кое Министерството за труд и социјална политика, заедно со социјалните партнери, претставници на работниците и на работодавачите, работеше цела година.

Ова законско решение кое стапи на сила од 1 јануари оваа година, беше донесено низ целосно инклузивен и транспарентен процес.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }