26.10.2022

Тренчевска: На креативен начин, децата низ своите творби учат и ги пренесуваат пораките за важноста на креирањето на безбедни места за работа 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска присуствуваше на промоцијата на четвртата збирка песни и раскази „БЗР од мали нозе 2022“ која се одржа во знак на Европската недела за безбедност и здравје при работа. Промоцијата беше организирана од страна на Здружението за заштита при работа на Општина Битола, Здружението за безбедност при работа „28-ми април“,  Скопје, Здружение на инженери за заштита „Тутела“, Скопје.

„Свесноста за значењето на здравјето и безбедноста при работа се гради од најмала возраст, затоа што денешните деца, утре ќе бидат активни учесници на пазарот на труд, дали како вработени, како работодавачи или креатори на политики“ рече Тренчевска.

Таа истакна дека во новиот закон за безбедност и здравје при работа, кој е во подготовка се воведува обврска за едукација на младите преку наставни содржини за безбедност и здравје при работа во постојните предмети на соодветната возраст.

На промоцијата беа доделени и награди на авторите на наградените творби и нивните ментори кои ги врачи Министерката за труд и социјална политика. Исто така беа доделени и пофалници на авторите на творбите, менторите и членовите на комисијата која ги евалуираше творбите.

Министерката им честита за четвртото издание на збирка творби и им порача на децата да бидат гласни и да продолжат да творат, таа истакна дека влогот е секогаш поголем доколку вложуваме сите.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }