28.11.2022

Средба Тренчевска-Вал:  Соработката со мисијата на ОБСЕ продолжува и се зајакнува

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска оствари средба со новоименуваниот Шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје,  Амбасадорот Килиан Вал и неговиот тим.

Родовата еднаквост, антидискриминацијата, лицата без лични документи, антикризните мерки и мерките за зголемување на вработеноста беа главните теми на кои се разговараше на денешната средба.

Министерката Тренчевска информираше за новиот Закон за родова еднаквост, за кој веќе се во тек јавни дебати, при што го истакна значењето на понатамошната поддршка од ОБСЕ во подготовката на подзаконските акти. Министерката зборуваше и за воспоставувањето на Секретаријатот за родова еднаквост во рамки на Владата и дел од Програмата на Владата за 2022-2024 год, како највисоко и одговорно тело за сите прашања во областа на родовата еднаквост.

На средбата се разговараше и за  антидискримнацијата и функционирањето на Комисијата за заштита од дискриминација, како  самостоен и независен орган која работи во согласност со надлежностите утврдени со закон, постапува по претставки, дава мислење и препораки за конкретни случаи на дискриминација.

Се разговараше и за менторската програма за жените во администрацијата спроведена од страна на Министерството за труд и социјална политика во соработка со Мисијата на ОБСЕ. Од која произлезе и првата генерација на жени менторки и менторирани жени, а чија цел е зајакнување на жените едни со други, како и пренесување на претходно стекнатото знаење.

Се отвори и прашањето за лицата неевидентирани во Матична книга на родени. Подготовката на Законот за лица неевидентирани во Матична книга на родени е пример за решеноста на Владата на Република Северна Македонија да помогне на оваа категорија на лица кои не можат да ги остварат човековите права поради не поседување на документи. За таа цел беше отворен и јавен повик до сите лица кои не се евидентирани во Матичните книги на родените да дојдат до подрачните единици на Управата, а со останатите институции на системот, како што се МВР, Управата за водење матични книги и Центрите за социјална работа, беа формирани локални мобилни тимови кои имаа за цел да остварат директни контакти со лицата што не се евидентирани. Особено значајна беше, и сè уште е, соработката со граѓански здруженија, со чија помош се направи Посебен електронски Регистар за овие лица.

Соговорниците разговараа и за антикризните мерки, при што министерката информираше дека се донесе нови Закон за финансиска поддршка за ранливите категории граѓани за справување со енергетската криза, и притоа беа мапирани најранливите категории на граѓани, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, на посебен додаток, на правото на надоместок заради попреченост, со попреченост и трајни промени во здравствената состојба, кои користат надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради попреченост, без потреба од контролен преглед, самохрани родители  кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош, корисници на право на пензија во висина до 14.000 денари, корисници на право на надоместок за  телесно оштетување и невработени лица-корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок. Во овој, пакет влегуваат околу 200.000 граѓани.

Покрај овие мерки, ранливите категории, како што се примателите на ГМП и социјална сигурност за стари лица добиваат дополнително добиваат и надоместокот за енергенси во месеците октомври – март. Тоа се околу 50.000 лица кои добиваат по 1000 денари на својата сметка.

„Фокуот на Министерството за труд и социјална политика во 2023 година ќе биде активирање на лицата приматели на Гарантирана минимална помош на пазарот на труд. Најчесто станува збор за лица кои се нисковалификувана работна сила, а од страна на работодавачите ваквите работници претставуваат недостиг на пазарот на труд. Со цел да ја сопреме трансегенерациската сиромаштија,“  истакна Тренчевска.

Соговорниците изразија уверување дека досегашната соработка ќе продолжи и ќе се зајакне во областите во надлежност на министерството, а е во насока на унапредување на квалитетот на живот на граѓаните.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }