Работна средба помеѓу претставниците на Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на РСМ

Во Министерството за  труд и социјална политика денеска се оддржа работна средба помеѓу претставници од министерството и Агенцијата за вработување на РСМ, предводени од министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и директорот на АВРСМ, Абдуш Демири.

Денешниот работниот состанок се однесуваше на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година, при што и оваа година фокусот се задржува на помошта и поддршката на невработените лица кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот и компаниите на кои им е најпотребна работната сила.

Оперативниот план за 2021 година, предвидува продолжување на програмите, со тоа што во дел од нив се направени измени кои се резултат на искуството од имплементацијата (обука кај познат работодавач, обуки за развој на дигитални вештини), а се воведува и нова програма -  поддршка на невработените лица за грижа во заедницата.

Исто така, во план се имплементирање и на програми за самовработување и вработување и раст на правни субјекти кои создаваат нови работни места во услови на КОВИД 19.

Министерството за труд и социјална политика продолжува со политиките и мерките за вработување во кои се вклучени повеќе органи и институции, а се со цел полесно справување со предизвиците од невработеноста. Очекувањата и оваа година се висока реализација на програмите и мерките како и претходната, каде во најголем дел имаше стопроцентна реализација.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->