29.08.2022

Министерката Тренчевска го презентираше Извештајот на Република Северна Македонија по Конвенцијата на ООН за правата на детето во Женева

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска во Женева пред Комитетот за правата на детето го презентираше Извештајот на Република Северна Македонија по Конвенцијата на ООН за правата на детето и по двата факултативни протоколи за вклученост на деца во вооружени конфликти и за трговија со деца, детска проституција и детска порнографија.

Министерката Тренчевска е предводник на делегацијата на Северна Македонија во Женева во состав на претставници на Министерствата за труд и социјална политика, за внатрешни работи, за образование и наука, здравство, правда, надворешни работи и Државниот завод за статистика.

Во своето обраќање министерката Тренчевска го нагласи почитувањето на детските права како висок приоритет на нашата држава, за чија заштита значајна улога има сеопфатниот мултисекторски пристап на институциите.

Воедно, истакна дека со цел унапредување на севкупната положба на децата во Република Северна Македонија отпочнат е процес за повторно воспоставување на национален механизам за следење на спроведувањето на Конвенцијата за правата на детето, поддржан од Делегацијата на Европската унија. 

Во Република Северна Македонија од 2017 година функционира Националното координативно тело за превенција и заштита на деца од злоупотреба и занемарување кое е формирано од Владата и во кое има претставници од сите релевантни чинители во оваа област. 

Усвоена е Национална стратегија за превенција и заштита на децата од насилство (2020-2025) и Акциски план (2020-2022) кои се во согласност со сите значајни меѓународни документи, регулативи и прописи.

По обраќањето на министерката се отвори дискусија за прашања на кои претставниците на институциите одговараа на прашања од областа која ја претставуваат.

***

Во продолжение, целосното обраќање на министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }