21.09.2022

Хусејин: Посветено работиме на унапредување на правата на бегалците и лицата без државјанство

Заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин се обрати на тркалезната маса „Пристап до социјални и економски права и услуги поврзани со интеграција за бегалци и лица без државјанство во Северна Македонија”, во организација на Високиот комесаријат за бегалци и Советот на Европа.

Во поздравното обраќање, заменик министерот за труд и социјална политика ја искажа посветеноста на Министерството за труд и социјална политика за унапредување на правата на една мошне ранлива категорија на популација, како што се бегалците и лицата без државјанство.

Заменик министерот Хусејин се осврна и на Европската социјална повелба и притоа рече: „Со потпишување на Европската социјална повелба на Советот на Европа која е гарант за граѓанските политичките, социјалните и економски човекови права, Северна Македонија се обврза за постојано унапредување на овие фундаментални човекови права.” и дополни: 

„На овој пат кон подобри сервиси за граѓаните Министерството за труд и социјална политика имаше безрезервна поддршка од Агенциите на Обединетите нации, како и од домашните невладини организации кои беа еден одличен коректор се со цел државата да ги насочи своите политики во вистински правец за добробит на граѓаните, вклучително и онаа ранлива категорија на лица за кои е посветена денешната работилница”.

Во поглед на згрижување на бегалци од кризните региони, заменик министерот потсети дека државата, низ минатото неколку пати ја истакна својата гостопримливост.  

„Во текот на 1991 година, по настаните во Република Албанија, околу 1180 лица, претежно од регионите кои граничат со Република Северна Македонија, побараа заштита во државава. Во текот на 1992 година, Република Северна Македонија им понуди заштита на бегалците од Босна и Херцеговина. Околу 35.000 лица кои бегаа од кризата во Босна, беа сместени во 7 колективни центри ширум државата, додека дел од нив беа сместени по домаќинства. РСМ на овие лица им пружаше заштита, се до 1997 година, период кога по надминување на состојбите во Босна и Херцеговина, беше овозможено безбедно и организирано враќање. Како последица на кризата на Косово во пролетта 1999 година, вкупно 360.000 лица побараа меѓународна заштита во Република Северна Македонија. Поголем број од овие лица беа сместени по домаќинства, а релативно мал број сеуште престојуваат во државата. Не треба да ја заборавиме и последната криза од 2015 година каде во период од една година скоро 1 милион лица од блискиот исток претежно Сирија и Авганистан транзитираа низ нашата држава”, потсети Хусејин.

На крајот од поздравното обраќање, заменик министерот за труд и социјална политика Хусејин истакна дека: „Ваквите состојби и ваквите бројки за една мала држава беа причина да ги подобруваме нашите законски решенија со цел подобар одговор во нудењето на неопходната помошна овие ранливи категории кои вртлогот на настаните ги натерал да побараат заштита во друга држава подалеку од нивните родни огништа”.

Покрај горе кажаното, заменик министерот Хусејин изрази благодарност до Високиот комесаријат за бегалци и Советот на Европа за денешната организација на овој настан, како и за долгогодишната соработка и поддршката на Министерството во реформите кои ги преземаме со цел создавање инклузивно општество каде што нашиот стремеж е да им обезбедиме еднаков пристап на сите лица до сервисите и услугите за кои имаат потреба.

Денешниот настан е можност експерти од областа да ги споделат своите искуства се со цел унапредување на правата поврзани со интеграција на бегалците и лица без државјанство. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }