15.12.2022

Државниот секретар Ејупи на Презентација на прелиминарни заклучоци од ревизија на Стратегијата за демографски политики 2015 -2024 година

Државниот секретар на Министерството за труд и социјална политика, Ресми Ејупи денеска присуствуваше на работен состанок за презентација и дискусија за прелиминарни заклучоци од ревизија на Стратегијата за демографски политики 2015 -2024 година.

По тој повод државниот секретар изрази голема благодарност за досегашната соработка и поддршка од УНФПА за успешното  започнување и спроведување  на процесот на ревизија  на Стратегијата за демографски развој 2015-2024 година, и целокупната  досегашна и идна соработка во делот на справување со демографските трендови и предизвици а во координација со главните чинители на институцинално и ексепертско ниво.

 

„Министерството за труд и социјална политика е носител и координатор на политиките поврзани со демографски  развој. Имаме Стратегија за демографски развој која за прв пат е усвоена во 2008 година, но истата со техничка и експертска  помош од канцеларијата во Скопје  на УНФПА  е ревидирана и подготвена е нова за период 2015-2024 година. Како институција  до сега имаме реализирано бројни  проекти  со поддршка на вашата канцеларија во Скопје во рамки на  регионалната стратегија на УНФПА за популациони  политики,“ истакна Ресми Ејупи.

Во рамки на МТСП има Државен советник за координација и развој на демографски развој и организациона единица-одделение за анализа, планирање и развој на демографски политики чија надлежност е анализа, развој и имплементација на демографски политики согласно Стратегијата за демографски развој   во координација со надлежните институции за хоризонтална  координација и спроведување на мерките и активностите од Стратегијата за демографски развој.

 

„Го инициравме процесот на ревизија на истата на среднорочно ниво и сега сме во фаза на прибирање на релевантни податоци и информации  од сите надлежни институции за прогресот  на спроведување на мерките и активностите во рамки на Стратегијата за период  2015-2024 и финализирање на Извештајот подготвен од г-дин Драган Тевдовски кој работеше координирано со секој од вас како надлежни  институции,“истакна Ејупи.

Тој изрази големо задоволство за  досегашната поддршка  во врска со претходните долгогодишни проекти  и  веќе воспоставената соработка на највисоко  ниво кое е од големо значење за  министерството носител  и координатор на оваа Стратегија. 

Оваа работилница е прва работилница и е појдовна основа за процесот на ревизија на стратегијата и подготовка на нова преку интегриран пристап кон демографскиот развој и јасно дефинирани надлежности. Подготвителните активности кои претходеа се одвиваа непречено и координирано помеѓу МТСП, проф Тевдовски и тимот на УНФПА во Скопје.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }