Инспекциски надзор 

Министерството спроведува инспекциски надзор над спроведувањето и примената на законите и другите прописи во областа на социјалната заштита и заштитата на децата, над установите за социјална заштита и другите правни и физички лица кои вршат одредени работи од социјална заштита како професионална дејност и јавни и приватни установи за деца, детски градинки, детски одморалишта и другите правни и физички лица кои вршат одредени работи од областа за заштита на децата заштита како професионална дејност.


Инспекцискиот надзор опфаќа:

  • Надзор над применувањето и спроведувањето на овие и други закони, како и општите и поединечните акти донесени врз основа на истите, со кои се уредени работите од областа на социјалната заштита и заштита на децата;
  • Надзор над работи од значење за статусот на вршителот на дејноста на социјална заштита,правата на децата и згрижувањето и воспитанието на деца од предучилишна возраст;  
  • Надзор над исполнетоста на условите кои се однесуваат на простор, опрема и стручни кадри за вршење на дејност од социјална заштита и заштита на децата;
  • Надзор над остварување на правата и исполнување на обврските на корисниците, утврдени со овие закони;
  • Надзор над исполнетоста на потребните услови за извршување на работи на стручен или друг работник во установа за социјална заштита, правно или физичко лице кои вршат одредени работи од социјална заштита и заштита на децата;
  • Изготвување на евиденција, документација и извештаи за работата на извршителите на социјалната заштита и заштита на децата;
  • Надзор над спроведување на изречените мерки при предходно извршен инспекциски надзор;

Инспекцискиот надзор се врши како редовна или вонредна инспекција, врз основа на годишна програма. 


Редовниот надзор се спроведува најмалку еднаш во период од три години кај сите установи за социјална заштита и установи за заштита на децата и други правни и физички лица кои вршат одредени работи од социјална заштита и заштита на децата.

Вонредниот надзор се спроведува по службена должност, иницијатива на граѓани, надлежен орган, други органи и организации и други правни лица, кога постои интерес на граѓанинот, интерес на трети лица или општ интерес. 

При спроведување на инспекцискиот надзор инспекторот ги има следните права и обврски:

  • Со решение да забрани установата за социјална заштита и заштита на децата и другите правни и физички лица кои вршат одредени работи од социјална заштита и заштита на децата да спроведуваат мерки и преземаат работи кои се во спротивност со закон;
  • Да покрене постапка за утврдување на прекршочна одговорност,
  • Да поднесе кривична пријава до надлежниот јавен обвинител, ако оцени дека е повреден законот или друг пропис, а таа повреда повлекува одговорност за казниво дело по закон.        
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->