Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Велковски: Со развој на социјалните услуги градиме општество за сите

Велковски: Со развој на социјалните услуги градиме општество за сите

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, го посетија просторот наменет за Центарот за дневен престој за лица со попреченост на возраст од 14 години и нагоре.

Посетата беше можност да се разгледаат условите и плановите за идното функционирање на Центарот, кој ќе претставува безбедна, поддржувачка и стимулативна средина за корисниците.

Центарот ќе овозможува активности насочени кон развој на способностите, практичните и животните вештини, комуникацијата, самостојноста и социјализацијата на лицата со попреченост. Воедно, ќе обезбедува простор за дружење, социјални активности и активно вклучување на корисниците во заедницата.

За Министерството за социјална политика, демографија и млади од особено значење е што локалната самоуправа ја препознава важноста на социјалната заштита и потребата од создавање услуги и услови кои одговараат на потребите на лицата со попреченост и нивните семејства.

Развојот на вакви услуги придонесува кон поголема самостојност, социјална инклузија и подобар квалитет на живот на лицата со попреченост, а истовремено обезбедува дополнителна поддршка за нивните семејства.

Министерството за социјална политика, демографија и млади е посветено на унапредување на социјалните услуги како и создавање инклузивна средина и еднакви можности за сите граѓани.

Мени за пристапност