Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на министерот Велковски со британскиот амбасадор Лосон

Средба на министерот Велковски со британскиот амбасадор Лосон

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денеска оствари средба со амбасадорот на Обединетото Кралство во земјава, Метју Лосон, на која разговараа за тековните активности на Министерството, како и за досегашната соработка и поддршка од страна на Британската амбасада.

Соработката го потврдува силното партнерство меѓу двете земји и заедничката посветеност кон креирање политики и услуги согласно потребите на граѓаните.

Министерот Велковски го информираше амбасадорот Лосон за приоритетите и заложбите на Министерството, со фокус на унапредување на социјалната сигурност, подобрување на услугите и создавање подобри услови за живот на граѓаните.

На средбата беше истакната важноста на политиките за младите, особено во делот на образованието, вработувањето и професионалниот развој, како и создавањето услови младите да ја градат својата иднина во земјата. Воедно, беше разговарано за предизвиците поврзани со миграцијата и демографските промени, како и за потребата од одржлив пензиски систем кој ќе обезбеди сигурност за сегашните и идните пензионери.

Двајцата соговорници изразија подготвеност за продолжување на соработката, со фокус на инклузивни и одржливи политики за младите, социјалната сигурност и подобар квалитет на живот за сите граѓани.

Мени за пристапност