Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Mинистерот Велковски со претставници на УНИЦЕФ: Во фокусот унапредувањето на системот за заштита и поддршка на децата

Mинистерот Велковски со претставници на УНИЦЕФ: Во фокусот унапредувањето на системот за заштита и поддршка на децата

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, оствари работна средба со претставничката на УНИЦЕФ во Северна Македонија, Лесли Милер, и заменик-шефот на мисијата на УНИЦЕФ, Силвија Кјаручи.
На средбата беа разгледани повеќе значајни прашања поврзани со унапредувањето на системот за заштита и поддршка на децата, со фокус на Европската гаранција за децата, предучилишното образование и воспитание, детските бенефиции, превенцијата и заштитата од насилство, како и јакнењето на социјалната заштита одговорна на потребите на децата и семејствата.
Во рамки на разговорите беше истакнато значењето на понатамошното унапредување на мерките за намалување на детската сиромаштија и социјалната исклученост, како и проширување на пристапот до квалитетни и достапни социјални услуги за децата и семејствата.
Посебен акцент беше ставен на имплементацијата на Европската гаранција за децата и развојот на интегрирани услуги, вклучително и поддршка за децата со попреченост и развојни тешкотии, семејствата во ризик и унапредување на системот на згрижување.
Соговорниците разговараа и за зајакнување на системите за превенција и заштита на децата од насилство, вклучително и унапредување на механизмите за пријавување и заштита, како и за јакнење на правдата по мерка на детето.
Во делот на предучилишното образование, беше нагласена потребата од натамошно проширување на капацитетите и обезбедување инклузивно, квалитетно и достапно предучилишно образование и воспитание.
Министерството за социјална политика, демографија и млади и УНИЦЕФ ја потврдија заложбата за продолжување на партнерската соработка и заедничко дејствување во насока на создавање систем кој обезбедува подобра заштита, еднакви можности и подобра благосостојба за секое дете.

Мени за пристапност