Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Велковски: Насилството не смее да биде игнорирано, а решавањето на овој проблем мора да биде темелно, одлучно и енергично

Велковски: Насилството не смее да биде игнорирано, а решавањето на овој проблем мора да биде темелно, одлучно и енергично

Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски присуствуваше на настан кој го означи почетокот на 16 дена активизам за ставање на крај на насилството врз жените и девојчињата организиран од Организацијата на Обединетите нации (ООН)  во земјава.
Во своето обраќање пред присутните Велковски се осврна на последиците од насилството како појава кое претставува едно од најсериозните предизвици на современото општество.
„Секое доживеано насилство е тежок и болен кошмар за жртвата, и затоа кон неговото решавање мора да пристапиме енергично, темелно и одлучно. Денес сме овде заедно — за да ја промениме приказната и да ставиме крај на насилството,“ рече Велковски.
Тој во име на Министерството за социјална политика, демографија и млади, се заблагодари за поддршката на Агенциите на ООН во земјава во борбата против сите форми на насилство врз жените и семејното насилство.
„Насилството не смее да биде игнорирано! За жал, бројките покажуваат дека во 2025 година од вкупно 1.260 регистрирани жртви, дури 932 се жени жртви на семејно насилство. Оваа бројка треба да биде поттик за сите нас – да преземеме конкретни активности за намалување на насилството. Решавањето на овој проблем мора да биде темелно, одлучно и енергично. Институциите мора поангажирано да дејствуваат согласно постојната легислатива, која им дава јасен мандат за преземање мерки и механизми за заштита,“ порача Велковски.
Тој изрази уверување  дека Владата и Министерството остануваат целосно посветени на преземањето на сите неопходни мерки за елиминирање на насилството во сите негови форми.

Мени за пристапност