Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Увид во финалната фаза од изградбата на новата детска градинка во Бутел 2

Увид во финалната фаза од изградбата на новата детска градинка во Бутел 2

Заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски денес, заедно со градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, изврши увид во градежните работи на новата детска градинка во населбата Бутел 2, која се наоѓа во финална фаза на изградба.

Новата градинка се простира на површина од 1.800 м² и ќе располага со три влеза, седум занимални со седум спални соби, две занимални со заеднички спални соби, како и една просторија за јасли. Во рамки на објектот е предвидена и посебна просторија за изолација, како и млечна кујна, со што ќе се обезбеди квалитетно и безбедно згрижување за 200 деца од предучилишна возраст.

Ова е една од двете нови градинки што се градат во Општина Бутел, а со нивното ставање во функција листите на чекање за прием во детските градинки во општината ќе станат минато.

Во моментов, само во Скопје се градат, доградуваат, реконструираат и адаптираат вкупно 16 објекти – детски градинки, што претставува значајна инвестиција во предучилишното образование и грижата за најмладите.

Како Министерство, во соработка со локалната самоуправа, продолжуваме посветено да инвестираме во иднината на нашите деца, создавајќи подобри услови за нивен правилен раст и развој и обезбедувајќи безгрижно детство за секое дете.

Мени за пристапност