Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Сабриу : Јакнењето на младинското учество во донесување одлуки на локално ниво е клучен предуслов за демократски развој, социјална кохезија и одржлив мир

Сабриу : Јакнењето на младинското учество во донесување одлуки на локално ниво е клучен предуслов за демократски развој, социјална кохезија и одржлив мир

Државниот секретар на Министерството за социјална политика, демографија и млади Фатмир Сабриу денеска во Велес порача дека младите не се само иднината, туку активна сегашност што придонесува за демократски развој, социјална кохезија и одржлив мир.

На обуката „Млади за локален мир и учество“, организирана од ХЕРА и Националниот младински совет на Македонија, тој истакна дека зајакнувањето на младинското учество во локалното донесување одлуки е клучен предуслов за инклузивно и стабилно општество.

„Како институции имаме обврска да ги слушаме младите, да ги поддржуваме и да им овозможиме реално влијание во креирањето политики. Само преку дијалог, партнерство и меѓусебна почит можеме да создадеме одржливи решенија“, нагласи Сабриу.

Како инспиративни примери беа посочени млади активисти чиј ангажман и меѓународни признанија потврдуваат дека локалната иницијатива може да има глобално влијание, а младите да бидат вистински двигатели на позитивни општествени промени.

Мени за пристапност