Министерството за социјална политика, демографија и млади во соработка со Мисијата на ОБСЕ во септември 2024 година ја започна Менторската програма „Жени за жени'' за поттикнување на професионалниот развој и лидерство на жените во јавниот сектор, наменета за жени во редовен работен однос во министерството.
Менторската програма има за цел да ги зголеми можностите за личен и професионален развој на жените вработени во јавниот сектор преку создавање на концепт на меѓусебна поддршка и јакнење, споделување на знаења и искуства, како и јакнење на солидарноста и вмрежување помеѓу жени.
Менторската програма се реализираше во Ресурсниот центар за на родово одговорно креирање политики и буџетирање каде се одржаа по две обуки за менторките и две обуки за менторините, а истата се реализираше во два циклуса. Менторската програма има за цел за нејзиното преземање понатаму да биде интегрален дел од модулите за обука на министерството со цел на одржливост на програмата.
На 24 Ноември се одржа и последниот завршен настан и евалуација на Менторската програма на која беа доделени сертификати на учесничките на програмата.