Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Сабриу: Да создадеме држава каде младите не бараат можности – туку државата им нуди отворени можности

Сабриу: Да создадеме држава каде младите не бараат можности – туку државата им нуди отворени можности

Државниот секретар на Министерството за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Сабриу  учествуваше на панел дискусија посветена на развојот на младинската работа и европските стандарди во креирањето младински политики, организиран од Агенцијата Еразмус+, со учество на организации од цела Европа.
Во своето обраќање тој ја истакна големата одговорност, но и честa да се работи за младите – како сегашност што ја обликува нашата држава. Нагласи дека визијата на Министерството е јасна: повеќе младински центри, посилни младински организации, професионални младински работници и вистинско вклучување на младите во носењето одлуки.
Европа е нашиот партнер и патоказ – преку ЕУ Стратегијата за млади, Европската агенда за младинска работа и програмите како „Еразмус+“ и „Европски солидарен корпус“, се отвораат нови можности за учење, размена и развој. Овие рамки ни помагаат да ги градиме националните политики врз најдобрите европски стандарди.
„Мојата визија е едноставна, но силна: да создадеме држава каде младите не бараат можности – туку државата им нуди отворени можности. Држава што верува во нив, инвестира во нив и расте заедно со нив. Тоа е духот на европскиот патоказ, и тоа е патот по кој ќе ја водам младинската политика во Северна Македонија,“ порача Сабриу.

Мени за пристапност