Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба Лимани - Колумбија: Во фокус на политиките, економското јакнење на жените

Средба Лимани - Колумбија: Во фокус на политиките, економското јакнење на жените

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, оствари работна средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во земјава, Рита Колумбија, на која се разговараше за приоритетни прашања од надлежност на Министерството, со посебен акцент на родовата еднаквост и економското јакнење на жените.

Фокусот на разговорите беше ставен на развојот на лидерските и претприемачките вештини кај жените, поддршката на маргинализираните и ранливите категории жени, како и нивната поактивна вклученост на пазарот на труд. Соговорниците разменија мислења за потребата од системска поддршка што ќе овозможи еднакви можности за професионален развој и економска независност на жените.

На средбата беа разгледани и можностите за креирање програма со мултисекторски пристап, која ќе ги поврзе институциите, локалната самоуправа, приватниот сектор и граѓанските организации во насока на социјална и економска инклузија на ранливите жени.

Министерот Лимани нагласи дека економското јакнење на жените е еден од клучните приоритети на Стратегијата за родова еднаквост 2022–2027, која предвидува зголемување на учеството на жените на пазарот на труд, поддршка на женското претприемништво, намалување на родовиот јаз во платите и создавање услови за усогласување на професионалниот и приватниот живот.

Соговорниците се согласија дека за успешно спроведување на овие цели е неопходна силна координација и партнерство со меѓународната заедница, при што ООН останува значаен сојузник во унапредувањето на родовата еднаквост и општествениот развој во земјата.

Мени за пристапност