Заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски и градоначалникот Митко Јанчев во село Сопот, свечено ја отворија новата детска градинка „Виножито“, со што уште едно рурално населено место во рамки на Општина Кавадарци доби современ и функционален простор за згрижување на најмладите.
Со ставањето во функција на овој објект се обезбедува згрижување за 20 деца од предучилишна возраст, со што се придонесува кон подобрување на пристапот до квалитетно згрижување и воспитание во руралните средини.
Градежните работи за адаптација на просторот ги реализираше Општина Кавадарци, додека опремата е обезбедена од Министерство за социјална политика, демографија и млади, во соработка со Светска банка, во вкупна вредност од 750.177 денари.
Отворањето на градинката претставува значаен чекор кон подобрување на условите за предучилишно згрижување и воспитание, како и потврда за успешната соработка меѓу централната и локалната власт во насока на поддршка на семејствата и поттикнување на развојот на локалната заедница.