Министерството за социјална политика, демографија и млади, во рамките на своите континуирани активности и со поддршка на UN Women, успешно реализираше две дводневни обуки наменети за административни службеници за зајакнување на капацитетите за родово одговорно креирање на политики и буџетирање.
Обуката „Вовед во следење и евалуација на родово одговорни политики“ се одржа на 18 и 19 декември и 22 и 23 декември 2025 година во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање.
Целта на обуките беше да ги воведе административните службеници во значењето, целите и пристапите на следењето и евалуацијата на јавните политики, со посебен акцент на родово одговорните политики. Учесниците стекнаа основно разбирање за концептите на мониторинг и евалуација, нивната улога во креирањето јавни политики и важноста од интегрирање на родовата перспектива во сите фази на политичкиот циклус.
Министерството останува посветено на унапредување на институционалните капацитети и промовирање на родовата еднаквост во јавните политики.