Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Работна средба за комуникација и јавна ангажираност во рамки на новата Национална стратегија за демографска отпорност

Работна средба за комуникација и јавна ангажираност во рамки на новата Национална стратегија за демографска отпорност

Меѓуресорската работна група која изминатиот период работеше на новата Национална стратегија за демографска отпорност, одржа работна средба во проширен состав вклучувајќи ги и лицата задолжени за односи со јавност од клучните министерства: социјална политика, демографија и млади, образование и наука, здравство, економија, локална самоуправа, спорт, транспорт и врски и  финансии. Комуникацијата има централна улога во ефективното спроведување на Стратегијата и оттука во неа има издвоено посебно поглавје – Комуникација и јавна ангажираност за демографска отпорност.

На работната средба покрај претставници на министерствата и УНФПА, присуствуваше и Националниот координатор за демографија Влатко Ѓорчев и меѓународниот експерт Хозе Мигуел.

Стратегијата за демографска отпорност се стреми кон демографска ревитализација преку интегрирање на социјални, културни и економски инвестиции, со цел подобрување на квалитетот на живот, зајакнување на семејствата и младите, зајакнување на локалните заедници и поттикнување инклузивен просперитет во сите региони. Затоа, Стратегијата за демографска отпорност  е камен темелник на долгорочната визија на Северна Македонија за одржлив и инклузивен развој, надополнувајќи ја Националната развојна стратегија и служејќи како патоказ за интегрирање на демографските приоритети во националното планирање.

На средбата се разви продуктивна дискусија, а забелешките по истата ќе бидат земени во предвид.  Истата ќе се развива со понатамошни консултации и со граѓанскиот сектор, коморите и академската заедница, со цел креирање на Стратегија која ќе одговори на предизвиците на нашата држава вклучувајќи ја и дијаспората. 

Мени за пристапност