Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, заедно со претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски и градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, ја пуштија во употреба новата детска градинка „Детелинки“, во рамки на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ во Општина Кочани.
Отворањето на градинката претставува симболичен и значаен почеток на годината, со јасна порака дека вложувањето во најмладите претставува вложување во иднината на локалната заедница и државата во целина.
Новата современа детска градинка има капацитет за 116 деца и обезбедува безбедни, квалитетни и достоинствени услови за згрижување и воспитание на деца на возраст од 9 месеци до 6 години.
Министерството за социјална политика, демографија и млади ги обезбеди сите потребни согласности за вработување на стручниот кадар, со што се овозможува непречено и квалитетно функционирање на новиот објект.