Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот Лимани во посета на првородените деца во новата 2026 година

Министерот Лимани во посета на првородените деца во новата 2026 година

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, ги посети првото новороденче – девојче, родено во Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – ГАК, и двете женски новореденчиња - близначки родени во  ЈЗУ Специјална Болница по Гинекологија и Акушерство Мајка Тереза - Чаир.   
Во изјава за медиумите Лимани посочи  дека првите родени деца во годината претставуваат симбол на нов почеток, надеж и иднина.
„Во мое лично име и во името на Министерството за социјална политика, демографија и млади, упатувам искрени честитки до семејствата. Нека вашите деца растат здрави, сакани и среќни, а вашиот дом секогаш биде исполнет со љубов, радост и сплотеност. Секое ново раѓање е богатство за нашето општество и силна мотивација да продолжиме да создаваме подобри услови за децата и семејствата,“ порача Лимани.
Министерот Лимани во име на министерството за социјална политика, демографија и млади на првите  новороденчиња им подари златник.

Мени за пристапност