Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, заедно со претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски и градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов, го отворија доградениот објект на детската градинка „Кокичиња“ во село Таринци.
Со овој проект уште еднаш се потврдува дека грижата за децата претставува врвен приоритет на Владата, без разлика дали тие живеат во урбани или рурални средини. Новиот дограден објект обезбедува подобрени услови за згрижување и воспитание на најмладите, како и значајна поддршка за семејствата и младите родители во руралните заедници.
Министерството за социјална политика, демографија и млади продолжува со спроведување активни политики насочени кон обезбедување еднаков пристап до квалитетна и достапна грижа за сите деца.
Во наредниот период се планираат адаптација и реконструкција на објекти и во други рурални општини и населени места, меѓу кои Босилово (с.Радовица и с.Иловица), Росоман, Чешиново, како и други локации.
Целта на овие активности е секое дете да има еднаква можност за безбедна, квалитетна и достапна грижа, како дел од заложбите за одржлив демографски развој и подобра иднина за сите граѓани.