Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Одржани менторинг сесии за стратешка комуникација на услугите за превенција и заштита на родово-базирано насилство врз жени и семејно насилство

Одржани менторинг сесии за стратешка комуникација на услугите за превенција и заштита на родово-базирано насилство врз жени и семејно насилство

Министерството за социјална политика, демографија и млади со поддршка на УНФПА и Амбасадата на Обединетото Кралство изминативе години со сериозен  пристап работеше на превенцијата, заштитата и спречувањето на родово -  базираното насилство врз жени и семејно насилство. Покрај работата на стратешки документи, законски и подзаконски решенија, се работеше и на подигање на свеста на  јавноста согласно Планот за стратешко комуницирање на услугите за родово-базирано насилство и семејно насилство кој што Министерството го води и спроведува преку кампањи на оваа тема.

Како  дел од проектните активности со партнерите се и менторинг сесиите за стратешка комуникација на услугите за превенција и заштита на родово-базирано насилство врз жени и семејно насилство. Досега се реализираа шест менторинг сесии, со можност за дополнителни сесии согласно потребите.

Земајќи предвид дека во областа на родово-базирано насилство врз жени и семејно насилство се вклучени повеќе министерства и важноста на  мултисекторскиот  пристап, последните сесии се организираат со учество на лицата кои работат во односи со јавност од релевантните министерства - за внатрешни работи, за правда, за здравство и за образование.

Мени за пристапност