Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Отворена новата детска градинка „Сонце“ во Општина Сопиште

Отворена новата детска градинка „Сонце“ во Општина Сопиште

Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, заедно со претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски и градоначалникот на Општина Сопиште, Јане Мицевски, ја отворија новата детска градинка „Сонце“ во Општина Сопиште.

Градинката е трета што се отвора на почетокот на оваа година и е наменета за згрижување на деца на возраст од 9 месеци до 6 години. Со нејзиното отворање, значително се унапредуваат условите за згрижување и воспитување на децата од предучилишна возраст и се решава прашањето со листите на чекање во Општина Сопиште.

Паралелно со оваа активност, на територијата на Град Скопје во тек се проекти за изградба, реконструкција и доградба на објекти за детска заштита во општините Гази Баба, Кисела Вода, Аеродром, Ѓорче Петров и Бутел.

Министерството за социјална политика, демографија и млади продолжува со реализација на политики и инвестиции насочени кон унапредување на грижата за најмладите и обезбедување подобри услови за семејствата.

Мени за пристапност