Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Одржан Третиот управен комитет на проектот „Поддршка на системот за обезбедување квалитет во социјалните услуги“

Одржан Третиот управен комитет на проектот „Поддршка на системот за обезбедување квалитет во социјалните услуги“

Одржан Третиот управен комитет на проектот „Поддршка на системот за обезбедување квалитет во социјалните услуги“

Во рамки на Министерството за социјална политика, демографија и млади, а преку проектот „Поддршка на системот за обезбедување квалитет во социјалните услуги“, се одржа Третиот управен комитет на проектот.

На состанокот учествуваа претставници на Министерството за социјална политика, демографија и млади, проектниот тим, како и претставници на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, Министерството за образование и наука, УНИЦЕФ, Светска банка, Министерството за здравство, ЗЕЛС, Центарот за социјална работа на Град Скопје и организации од граѓанскиот сектор.

Во рамки на состанокот, Проектниот тим ги презентираше реализираните активности и постигнатите резултати во текот на 2025 година, по што следеше конструктивна дискусија за планот за работа за наредните шест месеци. Членовите на Управниот комитет дадоа осврт на Вториот времен извештај, со фокус на релевантноста на активностите, нивната усогласеност со проектните цели и планираната временска рамка.

Сите засегнати страни ја потврдија заедничката посветеност за понатамошно унапредување на системот за обезбедување квалитетни, достапни и одржливи социјални услуги за сите корисници на територијата на Република Северна Македонија.

Мени за пристапност