Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Одржан координативен состанок помеѓу претставници на министерството и донаторската заедница

Одржан координативен состанок помеѓу претставници на министерството и донаторската заедница

Претставници на министерството за социјална политика, демографија и млади денеска одржаа координативен состанок со донаторската заедница која работи на прашања во областа на  родова еднаквост во нашата држава, со цел меѓусебно информирање за активностите на министерството во оваа област.

Од страна на државниот секретар на министерството, Фатмир Сабриу, шефицата на Кабинет, Флутра Калиси и претставници од Секторот Еднакви можности при  Министерството беше потврдена  силната посветеност на министерството кон унапредување на родовата еднаквост и заштитата на човековите права, како стратешки приоритети усогласени со Стратегијата за родова еднаквост и Националниот акциски план 2025–2027.

На состанокот беа истакнати активностите кои се во  фокусот на работењето на министерството-подготовка на Извештај за спроведување на Стратегијата за 2025 година, евалуација на постојната и изработка на нова Стратегија за периодот 2028–2034, усогласување на домашното законодавство со ЕУ директивите, изработка на Индекс за родова еднаквост по методологијата на EIGE и анализи за родовиот јаз во платите,  финализирање на  Националната стратегија за превенција и заштита од родово базирано и семејно насилство 2026–2033.  

Претставниците на министерството информираа и дека истовремено се работи на зајакнување на  Ресурсниот центар и напорите истиот да прерасне во регионален центар за обуки и истражувања.  
Во доменот на човековите права, Министерството работи на заштита на жртвите на трговија со луѓе преку јакнење на институционалните капацитети и сервисите за згрижување.

Од страна на претставниците на министерството беше истакнато дека Министерството ја препознава донаторската заедница како клучен партнер и е отворено за соработка и заеднички развој на одржливи решенија.
Претставниците на донаторската заедница уште еднаш ги потврдија своите заложби за зајакнување на политиките и мерките за унапредување на родовата еднаквост во државата и изразија подготвеност за понатамошна поддршка.

Мени за пристапност