Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот Велковски се сретна со постојаната координаторка на Обединетите нации во Република Северна Македонија, Рита Колумбија

Министерот Велковски се сретна со постојаната координаторка на Обединетите нации во Република Северна Македонија, Рита Колумбија

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денеска оствари средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во Република Северна Македонија, Рита Колумбија.

Во фокусот на разговорите беа демографските политики, младите и родовата еднаквост како клучни области за одржлив развој на државата. Министерот Велковски ги претстави приоритетите на Министерството, истакнувајќи дека посебно внимание е насочено кон креирање мерки за подобрување на демографските состојби, создавање подобри можности за младите и нивно поактивно вклучување во процесите на донесување одлуки.

Соговорниците ја нагласија важноста од унапредување на родовата еднаквост преку политики што обезбедуваат еднакви можности и поттикнуваат инклузивен општествен развој.

Постојаната координаторка на Обединетите нации, Рита Колумбија, ја изрази подготвеноста на системот на Обединетите нации да продолжи со поддршка на Министерството во спроведувањето на политики и иницијативи во овие области.

На средбата беше потврдена заедничката определба за понатамошно зајакнување на соработката помеѓу Министерството за социјална политика, демографија и млади и агенциите на Обединетите нации, преку конкретни активности насочени кон подобрување на демографските политики, унапредување на положбата на младите и промовирање на родовата еднаквост.

Мени за пристапност