Министерот за социјална политика и млади, Ѓоко Велковски, оствари работна средба со вршителката на должноста шефица на Канцеларијата на УНФПА во Република Северна Македонија, Јованка Брајовиќ Григоријевиќ.
На средбата беше потврдена заложбата за продолжување и унапредување на соработката помеѓу Министерството за социјална политика, демографија и млади и УНФПА во областите од заеднички интерес.
Соговорниците разменија мислења за можностите за понатамошна соработка во насока на унапредување на младинските политики, промовирање на инклузијата на лицата со попреченост, зајакнување на родовата еднаквост, превенцијата и справувањето со родово базираното насилство, како и за прашањата поврзани со демографските процеси, миграцијата и стареењето на населението.
Во тој контекст, беше изразена заедничка подготвеност за интензивирање на партнерството и реализација на заеднички активности насочени кон унапредување на политиките и мерките во областа на демографијата, заштитата од родово базирано насилство и создавањето подобри можности за младите.