Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот Велковски оствари средба со претставници на УНХЦР

Министерот Велковски оствари средба со претставници на УНХЦР

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, оствари протоколарна средба со Никол Ептинг, претставничка на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) за Централна и Југоисточна Европа, Стефани Волденберг, виш офицер за заштита, и Тања Бундалеска, помошник-офицер за заштита и раководител на канцеларијата на УНХЦР во Скопје.

На средбата беше разговарано за досегашната соработка меѓу Министерството и УНХЦР, како и за можностите за нејзино натамошно унапредување, со посебен акцент на заштитата на правата и поддршката на бегалците, барателите на азил и лицата без државјанство.

Беше истакната важноста на заедничкиот пристап во креирањето и спроведувањето на политики и мерки насочени кон социјална инклузија, подобрување на пристапот до услуги и обезбедување соодветна заштита на ранливите категории лица.

Соговорниците разменија мислења и за идните приоритети и можностите за продлабочување на партнерството, преку заеднички активности, експертска поддршка и унапредување на институционалните капацитети.

Министерството за социјална политика, демографија и млади останува посветено на соработката со меѓународните организации и партнерите, во насока на градење инклузивно општество, унапредување на системот на социјална заштита и почитување на правата и достоинството на секој поединец.

 

Мени за пристапност