Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, оствари средба со Биљана Цветановска Гугоска, новоименуваната шефица на канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) во Северна Македонија.
На средбата беа разгледани можностите за продолжување и продлабочување на досегашната соработка, како и заедничките приоритети во повеќе значајни области, меѓу кои унапредувањето на агендата за млади, зајакнувањето на родовата еднаквост, превенцијата и справувањето со родово базираното насилство, миграциите, стареењето на населението и демографските динамики.
Посебен акцент беше ставен на Стратегијата за демографска отпорност, на која Министерството и УНФПА заеднички работеа во изминатиот период, а чиј процес кулминираше со одржувањето на Регионалната министерска конференција во Скопје, на 7 и 8 мај 2026 година.
Соработката меѓу Министерството и УНФПА ќе продолжи да биде насочена кон унапредување на националните приоритети во областа на демографската политика, младите, родовата еднаквост и социјалната инклузија, во согласност со целите и приоритетите на Програмата на УНФПА за Северна Македонија за периодот 2026–2030 година.
Министерството останува посветено на партнерската соработка со меѓународните организации, со цел креирање и спроведување политики засновани на потребите на граѓаните и насочени кон демографска отпорност, социјална благосостојба, еднакви можности и унапредување на квалитетот на животот.