Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот Ѓоко Велковски оствари средба со директорката на МОТ за Централна и Источна Европа, Клер Харасти

Министерот Ѓоко Велковски оствари средба со директорката на МОТ за Централна и Источна Европа, Клер Харасти

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, оствари средба со директорката на Меѓународната организација на трудот (МОТ) за Централна и Источна Европа, Клер Харасти.

Во фокусот на разговорите беа актуелните демографски предизвици, недостигот на работна сила, како и унапредувањето на положбата на жените и нивното поголемо вклучување на пазарот на трудот. Посебно внимание беше посветено на можностите за создавање услови за еднаков пристап до вработување и зајакнување на економската активност на жените.

На средбата стана збор и за предизвиците со кои се соочува пензискиот систем, унапредувањето на системот за социјална заштита, како и развојот на алтернативни форми на згрижување на децата, со цел подобрување на пристапот до услуги за грижа и создавање услови за полесно усогласување на професионалниот и семејниот живот.

На средбата беше изразена заедничка подготвеност за продолжување и продлабочување на соработката меѓу Министерството за социјална политика, демографија и млади и Меѓународната организација на трудот, со цел унапредување на политиките и мерките во областа на трудот и социјалната заштита, со посебен акцент на младите, вработувањето, економското учество на жените и социјалната инклузија на ранливите категории граѓани.

Мени за пристапност